Засега непознат колекционер на автомобили од Велика Британија за дваесетина дена ќе стане побогат за околу 40 милиони фунти.
Имено, толку, според експертите, вреди неговата импресивна колекција наречена „Gran Turismo“ која на 5 ноември ќе ја понуди аукциската куќа RM Sotheby’s, пишува Јутарњи.
Како што пишуваат британските медиуми, покрај престижните модели на Bugatti, Jaguar, Lamborghini и Lancia, на аукција доаѓаат и неколку многу ретки модели на Ferrari: 288 GTO, F40, F50, Enzo и LaFerrari!
Мајкл Скваер, директор за истражување во RM Sotheby’s, е воодушевен од колекцијата, но одби да открие кој е мистериозниот сопственик: „Ова е секако една од најистакнатите колекции на суперавтомобили што се нудат во Европа и чест ни е што ни е доверена оваа неверојатна задача“.
Знам дека сите се заинтересирани за тоа кој е сопственик на колекцијата, но поради потпишаниот договор не можеме да ги откриеме тие информации.’
Автомобили од колекцијата Gran Turismo:
Ferrari 288 GTO (1985. godina)
Ferrari F40 (1991.)
Ferrari F50 (1997.)
Ferrari Enzo (2003.)
Ferrari LaFerrari (2014.)
Ferrari 599 SA Aperta (2011.)
Ferrari 550 Barchetta Pininfarina (2000.)
Ferrari Superamerica (2006.)
Bugatti EB110 GT (1993.)
Bugatti EB110 Super Sport (1996.)
Bugatti Chiron Super Sport 300+ (2022.)
Lamborghini Miura SV Bertone (1971.)
Lamborghini Countach LP5000 S Bertone (1984.)
Lancia 037 (1982.)
Lancia Delta S4 (1986.)
Audi Quattro S1 (1985.)
Jaguar XJ220 S (1993.)
Jaguar XJR-15 (1991.)