Праксата покажува дека вакциналниот имунитет е силен во првите 2,3 месеци, а потоа брзо паѓа, за разлика од имунитетот после прележување на коронавирусот, вели микробиологот д-р Никола Пановски во изјава за ТВ21.
-Не знам зошто министерот Филипче е упорен, зошто не не почитува нас најстарите професори, признаени овде и во светот, туку се повикува на некои анонимни експерти, кои што ние не ги знаеме. Нека најде еден доктор или професор кој ќе го каже спротивното од мене, рече Пановски.
Тој од Министерството за здравство ги побарал податоците за лицата кои се заразени по втор пат со Ковид-19, но вели дека не му ги доставиле, поради тоа што, како што вели, бројот е екстремно мал, а додаде дека не верува дека има повеќе од 200 лица кои се заразиле по втор пат во нашата земја.