Имунизацијата на деца започнува в понеделник, најголем интерес има во Скопје

од Берта Китинска
199 прегледи

Досега се пријавени вкупно 1.623 деца од 12 до 18 години за вакцинација против ковид 19.

Според податоците на Министерството за здравство најголем број пријавени деца и млади има во Скопје и тоа во поликлиниките „Букурешт“ – 367, „Јане Сандански“ – 267, „Чаир“ – 101 и „Бит Пазар“ – 5. Во Тетово се пријавени 103 деца, во Битола 99, Куманово 86, Охрид 76, Велес 70, Кавадарци 53, Гостивар 49, Струмица 43, Гевгелија 40, Штип 38, Струга 25, Неготино 15, Кочани 14, а во останатите градови бројките се под 10 пријавени. Најмал интерес или по само еден пријавен има во Кратово и Македонска Каменица, како и по двајца во Вевчани, Демир Хисар и Македонски Брод. кои што покажале интерес за вакцинирање во текот на денешниот ден ќе добијат термин за вакцинирање.

Имунизацијата на децатаќе започне во понеделник, 19 јули и ќе бидат вакциниран со вкацината на Фајзер.

Слични содржини