Имунизацијата на медиумските работници започнува од понеделник

од Берта Китинска
324 прегледи

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) во координација со Министерството за здравство, минатата недела спроведоа акција за пријавување на новинари и медиумски работници за вакцинација против Ковид-19.

-На повикот на ЗНМ и ССНМ се пријавија вкупно 758 лица од кои 631 ги исполнуваат условите за првата фаза во поглед на возрасната граница, хронична болест, односно активни новинари и медиумски работници. Овие лица, во најбрзо време ќе бидат контактирани од страна на претставници на здравствените власти и ќе бидат известени за точен термин за вакцинација која ќе започне од понеделник во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје.Останатите 127 пријавени лица кои претежно беа помлади од 40 години или беа дел од административните служби или служби за одржување во медиумите ќе бидат земени во предвид во вториот круг на имунизација на медиумски работници, кој е предвиден да се реализира веднаш по пристигнувањето на следната пратка на вакцини што се очекува во следните неколку недели, велат од ЗНМ.

Оттаму додаваат дека на овој повик, одговориле новинари и медиумски работници од вкупно 110 традиционални и онлајн медиуми од целата држава.

-Во втората фаза ќе може да се пријават и сите останати новинари и медиумски работници, како и вработени во медиуми кои имаат интерес да се бидат вклучени во процесот на имунизација.

Заинтересираните новинари и медиумски работници, од понеделник 4-ти април до недела 11-ти април ќе можат да се пријават преку своите редакции со достава на список на електронската пошта: [email protected] единствено со испраќање на пополнет образец кој може да се симне тука.

Ќе се прифаќаат пријавите кои се испратени исклучиво во наведениот образец, во кој треба да биде означено одговорно лице за контакт од редакцијата. Лицата кои веќе биле пријавени да не се пријавуваат повторно. Обврската за веродостојноста на информациите останува на товар на одговорното лице посочено во образецот за кое потребно е да биде наведени и контакт информации, соопштија од ЗНМ.

Слични содржини