Хрватскиот имунолог Златко Тробоњача од Универзитетот во Риека во емисијата „Добро утро Хрватска“ на ХРТ изјави дека информациите кои доаѓаат од Израел се загрижувачки, откако половина од заразените со новиот делта-вирус се вакцинирани со „Фајзер“
„Информациите од Израел се загрижувачки, скок во нови случаи без оглед на фактот дека 60% од популацијата е вакцинирана со обете дози. Интересно е што се однесува до делта-сојот дека над 50% од новоинфицираната популација е вакцинирана со вакцината „Фајзер“. Овие податоци се загрижувачки во смисла дека можеби вакцината на „Фајзер“ не заштитува на нивото за кое мислевме – 90 проценти“, рече тој.
На прашањето колку соеви можеме да очекуваме, тој рече дека никој не може да го предвиди тоа и дека во моментов има над 2.000 различни соеви во светот поради мутации.
„Делта-сојот има 15 или 18 мутации, но има четири клучни мутации што се наоѓаат во геномот кој го кодира шилестиот протеин и му дава голема инфективност и имуноевазивност. Не сите мутации се исти. Некои можат да бидат послаби, а некои се сериозни, како бразилскиот или јужноафриканскиот сој“, вели тој.