
Поради фактот што ограничувањето ги парализира економиите ширум светот, некои влади размислуваат да им дозволат на пациентите кои се опоравиле од новиот коронавирус да патуваат и да се вратат на работа, но Светската здравствена организација (СЗО) смета дека ова би било лош потег.
Владите не треба да издаваат т.н. Имунолошки пасоши, или „сертификати без ризик“, како мерка за ублажување на изолацијата, оценува СЗО, која го оправдува овој став со тоа дека нема „докази“ дека луѓето кои развиле антитела откако се опоравиле од вирусот се заштитени од новата инфекција, и потребата да се испита повнимателно точноста на лабораториските тестови за откривање на антитела.
Организацијата смета дека издавањето вакви пасоши може да предизвика ширење на инфекцијата, бидејќи луѓето што мислат дека стекнале отпорност на вирусот се очекува да престанат да ги почитуваат мерките на претпазливост.
Минатата недела, чилеанските власти објавија дека ќе започнат со издавање „имунолошки пасоши“ на луѓето кои се опоравиле од инфекцијата. Откако ќе се утврди присуството на антитела во крвта, тие ќе можат да се вратат на работа, изјавија официјалните лица.
Во Шведска, која се реши за послободен пристап во борбата против „Ковид-19“, некои научници, исто така, веруваат дека нивното население би можело да добие значително поголема отпорност од народите на државите каде беа воведени строги мерки за изолација.
Во Белгија, каде што стапката на смртност по глава на жител е меѓу највисоките во светот, почнувајќи од 11 мај, планот е постепено да се олеснат мерките за изолација. Владиниот советник Марк ван Ранст за Би-Би-Си изјави дека остро се спротивставува на идејата за издавање „iмунолошки пасоши“.
– Воодушевен сум од мислата дека ќе издаваме пасоши, зелени и црвени, во зависност од серолошкиот статус – вели овој виролог, член на Организацијата за проценка на ризик на белгиската влада и Научен комитет „Коронавирус“ и додаде: „Ова ќе резултира sо фалсификување на документи, поради што луѓето ќе бидат намерно изложени на вирусот. Ова едноставно не е добра идеја. Тоа е многу лоша идеја“.