Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12-ти мај, кога истекува мандатот на Стево Пендаровски.
Најдоцна на 12-ти мај треба да биде свикана собраниска седница за инаугурација на новоизбраната претседателка Гордана Силјановска-Давкова. Таа пред пратениците од стариот состав треба да даде свечена изјава по која и започнува да тече нејзиниот мандат.
На 12-ти мај истекува мандатот на актуелниот претседател кој беше и кандидат за претседател, Стево Пендаровски.
Мандатот на новиот собраниски состав што беше избран на вчерашните парламентарни избори, почнува да тече од конститутивната седница на собранието. Според одредбите од Уставот, новоизбраното собрание се состанува на седница најдоцна 20 дена по одржаните избори. Седницата ја свикува претседателот на собранието од претходниот состав. Доколку не се закаже конститутивна седница во предвидениот рок, пратениците сами се состануваат, да го состават собранието на дваесет и првиот ден од денот на завршувањето на изборите.