145
Повозрасен маж денеска со својот автомобил удрил во неколку лица во гаражата на аеродромот во Келн, јавија германските медиуми.
Според информациите, во таа прилика се повредени неколку лица, а степенот на нивните повреди се уште не е познат.
Локалната полиција соопшти дека осомничениот намерно удрил во луѓе и други паркирани автомобили.
Според првите информации се работи за маж кој наводно има психички проблеми.
„Билд“ пренесува дека осомничениот наводно давал отпор при апсењето, а во таа прилика биле повредени двајца полицајци.