Инцидент на аеродром во Германија: Маж влетал со автомобил и прегазил луѓе, има повредени

од Stefanija Kuzmanovska
145 прегледи

Повозрасен маж денеска со својот автомобил удрил во неколку лица во гаражата на аеродромот во Келн, јавија германските медиуми.

Според информациите, во таа прилика се повредени неколку лица, а степенот на нивните повреди се уште не е познат.

Локалната полиција соопшти дека осомничениот намерно удрил во луѓе и други паркирани автомобили.

Според првите информации се работи за маж кој наводно има психички проблеми.

„Билд“ пренесува дека осомничениот наводно давал отпор при апсењето, а во таа прилика биле повредени двајца полицајци.

Слични содржини