Инцидент што ја шокираше Шпанија: Фудбалер на Реал упадна во соблекувалната на Сосиедад и викна „Да живее Атлетик Билбао!“

од Vladimir Zorba
59 прегледи

Реал Мадрид и германскиот репрезентативец Антонио Рудигер предизвикаа скандал и бурни реакции откако викна „Да живее Атлетик Билбао“ во соблекувалната на Реал Сосиедад по победата на „кралскиот клуб“ (1:0) во првиот полуфинален натпревар од Купот. Според пишувањата на шпанските медиуми, провокативниот извик на Рудигер не бил упатен кон ниту еден конкретен играч на Сосиедад, но сепак наишол на остри критики.

Коментаторот на Реал Мадрид, Маноло Лама, го изрази своето незадоволство од постапката на Рудигер и посочи дека тоа би можело да доведе до свирежи од навивачите кога 31-годишниот германски дефанзивец ќе се врати на стадионот на Сосиедад, бидејќи баскиските клубови – Реал Сосиедад и Атлетик Билбао – се големи ривали.

Овој инцидент ја зголеми контроверзноста околу натпреварот, кој веќе беше одбележан со навреди упатени кон играчите на Реал Мадрид од страна на навивачите на Сосиедад. Судијата беше принуден да ја прекине играта за да се активира протоколот против навреди.

Испадите на Рудигер не се ништо ново за неговите соиграчи, кои се навикнати на неговото лудо однесување. Германскиот дефанзивец е познат по претераното прославување на голови, кое често вклучува и шлаканици на соиграчите.

Тој е познат и по тоа што ги штипка противниците, што беше видено на претходниот натпревар против Атлетико Мадрид кога му ја штипна брадавицата на Алваро Мората.

Како и да е, Реал со голема предност влегува во реванш полуфиналето на Купот. Во второто полуфинале се среќаваат Барселона и Атлетико, а првиот меч беше спектакуларен и заврши со резултат 4:4.

Слични содржини