ИНЦИДЕНТ во Европскиот парламент: Курдски активисти упаднаа среде седница (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
143 прегледи

Европарламентарците денеска беа накратко евакуирани од Европскиот парламент откако група курдски активисти со гласни протести ја прекинаа работата на оваа институција.

Околу пладне, група од 15 до 20 луѓе почнале гласно да викаат на галеријата на посетителите со поглед кон салата.

Активистите држеле знамиња со ликот на затворениот Абдула Оџалан, еден од основачите на Курдистанската работничка партија (ПКК), милитантна група која се смета за терористичка организација во Турција.

Освен во Турција, ПКК вака се третира и во Соединетите Американски Држави, но и во Европската Унија.

Група членови на парламентот, меѓу кои и претседателката Роберта Мецола, отишле да преговараат со активистите кои одбиле да заминат и се заканувале дека ќе скокнат од галеријата на посетители.

„Постоеше загриженост дека ќе се повредат скокајќи од балконот како дел од нивниот протест“, им рече Мецола на пратениците во Европскиот парламент откако тие продолжија со работа три часа подоцна.

Слични содржини