Синдикатот за образование предложи да се зголеми безбедноста и да се зајакне обезбедувањето во школите, за да се избегне уште една огромна несреќа како онаа што се случи во Србија.
Полицијата во Загреб вчера интервенираше поради закани од белградското сценарио во училиштето, но и поради откривање на забранети предмети кај ученик. Извршен е претрес во домот на момчето, а настанот е пријавен во Министерството за образование, од каде велат: „Во МОН пристигнало барање од основното училиште да се покрене интервенција поради психолошка криза, која подоцна била спроведена.
Да потсетиме, ученик во седмо одделение, роден 2009 година, пукал во средата околу 08:40 часот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград. Во престрелката загинаа осум деца и еден чувар, а ранети се шест деца и еден наставник.