Кусиот прекин на отворањето на Преспа форумот за дијалог се случи поради невремето и силниот ветер кој го оштети панелот од сценографијата, што резултираше со прекин на активностите, соопштија од МНР.
Инцидентот не предизвикал никакви последици, и по куса пауза, панлеот продолжи со предвидената агенда.
Форумот продолжува и утре, со предвидената динамика; утре следат клучните панели на кои очекуваме плодни дискусии и важни пораки
„Министерството за надворешни работи ја користи оваа прилика да им се извини на сите оние кои го следат форумот, овде во Струга, или преку интернет стрим“, додаваат оттаму.
Веднаш по обраќањето на премиерот Димитар Ковачевски вечерва на „Преспа форумот“, се случи инцидент што беше забележан и на директниот пренос.
Поради силниот ветер, видео бим падна врз модераторката Валбона Зенели.
Дебатата беше времено прекината.