Индексот на трошоците на живот бележи зголемување од 14.5 %

од Nikola Popovski
261 прегледи

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во јуни 2022 година, во однос на јуни 2021 година, бележи зголемување од 14.5 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 13.7 %.

Индексот на трошоците на животот во јуни 2022 година, во однос на претходниот месец, изнесува 102.8, а индексот на цените на мало изнесува 102.4.

-Пораст на индексите на трошоците на животот во јуни 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај маслото и маснотиите за 10.4 %, лебот и житата за 7.8 %, млекото за 6.7 %, месото за 5.2 %, свежото и разладеното овошје за 2.9 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 2.7 %, виното за 2.1 %, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 1.0 %, рибата и морските плодови за 0.8 %, кафето, чајот, какаото за 0.5 % и прехранбените производи неспоменати на друго место за 0.4 %.

Во јуни, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 17.2 %, течните горива за домаќинствата за 16.3 %, туристичките аранжмани за 6.4 %, цврстите горива за домаќинствата за 6.2 %, воздухопловниот патнички транспорт за 6.1 %, гасот за домаќинствата за 4.4 %, патниот патнички транспорт за 4.0 %, услугите за сместување за 3.7 %, градините, растенијата и цвеќињата за 2.9 %, фризерските салони и центрите за разубавување за 2.7 %, рестораните, кафулињата и слично за 2.5 %, другите апарати и производи за лична хигиена за 2.1 %, големите електрични апарати за домаќинствата за 1.8 %, услугите за одржувањето и поправките на живеалиштето, парамедицинските услуги за 1.7 %, домашните услуги и услугите за домаќинствата за 1.6 %, одржувањето и поправките на сопствените превозни средства, поправката на аудиовизуелната, фотографската и информатичката опрема, домашните миленици и сродните производи за 1.5 %, ткаенините за изработка на облека за 1.4 %, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, услугите за рекреација и спорт за 1.2 %, производите за домаќинствата – нетрајни за 1.1 %, малите електрични апарати за домаќинствата за 1.0 %, големите алатки и опремата, моторните возила, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства, електричните апарати за лична хигиена за 0.9 %, поправките и изнајмувањето на обувките, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот за 0.8 %, поправките на апаратите за домаќинствата, медиумите за снимање за 0.7 %, ветеринарните и другите услуги за домашните миленици за 0.6 %, чистењето, поправката и изнајмувањето облека за 0.5 %, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, фармацевтските производи, информатичката опрема за обработка на податоците за 0.4 %, мебелот и покуќнината, малите алатки и останатите додатоци, стоматолошките услуги, мотоциклите, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 0.3 %.

Намалување на индексите на трошоците на животот во јуни 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 3.3 %.

Во јуни, исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележан и кај опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 1.2 %, стои во соопштението од ДЗС.

Слични содржини