Индиец каснат од куче оживеа на својот погреб

од Vladimir Zorba
155 прегледи

Тешко болен индиски младич дојде на себе за време сопствената погребна церемонија, организирана од неговото семејство. Случајот е забележан во селото на државата Карнатака, соопшти весникот “Тајмс оф Индија”. Пред еден месец 17-годишниот Кумар Маревада бил каснат од куче-скитник, по што неколку недели имал висока температура. Кога неговата состојба нагло се влошила, тој бил примен во болница.

Таму бил вклучен на апарат за вештачка вентилација на белите дробови. Лекарите им објасниле на неговите роднини дека инфекцијата се шири по целото тело и без апарат тој нема да преживее. Неговото семејство немало пари за скапото лекување, и го прибрало дома.

Потоа тој не давал никакви знаци на живот и дишење, па неговите блиски помислиле дека починал. Организирале погреб според локалните традиции. Но, на патот до гробиштата Кумар отворил очи, замрдал со раце и нозе и задишал забрзано. Тој повторно бил сместен во болница и повторно бил вклучен на апарат.

Според лекарите пациентот има менингоенцефалит – инфекција од каснување на куче.