Индија го прекина единствениот извор на вода за пиење во Пакистан по терористичкиот напад во Кашмир. По нападот во Пахалгам, кога членовите на „кашмирскиот отпор“ отворија оган врз туристите и убија 26 лица, Индија објави дека го суспендира своето учество во Договорот за водите на Инд.
Овој договор ја регулира распределбата на водните ресурси меѓу Индија и Пакистан.
Суспендирањето на учеството во договорот може да има големо влијание врз водоснабдувањето на Пакистан, особено во земјоделскиот и енергетскиот сектор.
Исламабад ја нарече одлуката на Индија „чин на војна“ и се закани дека ќе одговори на оваа закана со водоснабдување, објави Спутник.
Ова е прв пат од потпишувањето на Договорот за водите на Инд во 1960 година тој да биде прекршен, а досега претставуваше еден од ретките стабилни елементи во односите меѓу Индија и Пакистан.