Индија ќе развие 10 нуклеарни реактори со тешка вода – план кој Владата тврди дека ќе создаде 33 000 работни места. Иницијативата на Владата доаѓа по напорите на Индија да влезе во Групата на нуклеарните добавувачи, клуб кој ја контролира нуклеарната трговија, соопштува индиски NDTV.
Владата планира да генерира 63 000 MW (мегават) нуклеарна енергија до 2032 година и да обезбедува 25% од електричната енергија до 2050 година Кабинетот го одобри планот, пишува министерот за надворешни работи Пиуш Гоjал по состанокот so koj претседаваше премиерот Нарендра .
Планот за забрзување на внатрешната програма за нуклеарна енергија, исто така се одразува врз реакцијата во врска со колапсот на Westinghouse. Спроведени се разговори со производителот на реактори во САД за изградба на шест реактори AP1000 во Индија. Компанијата во сопственост на јапонската Toshiba, поднесе барање за стечај во март, предизвикувајќи сомнежи дали може да го заврши договорот со Индија.
Индија добива поголемиот дел од електричната енергија преку горење на јаглен. Нуклеарната енергија обезбедува само 2% од потребите на земјата. Со години Индија инсистира да се развиваат локалните технологии во нуклеарната енергетика. Во моментов земјата генерира 6,780 MW нуклеарна енергија, а предтсои изградба на капацитет за уште 6,700 MW.
Од 22-та кои работат нуклеарни реактори во Индија, 18 користат тешка вода, која е побезбедна и поефикасна технологија. Повеќето од постоечките реакторите имаат помал капацитет. Новите реактори ќе произведуваат по 700 MW секој.
Индиските компании како Larsen & Toubro, Kirloskar Brother Limited и Godrej & Boyce ја поздравуваат одлуката на Владата. “Нуклеарните централи ќе сторат долгиот пат во намалувањето на траен енергетски дефицит”, коментира Санџај Кирлоскар, претседател на Kirloskar Brother Limited, цитиран од новинската агенција Ројтерс.
Реакторот за тешка вода користи природен ураниум како гориво за разлика од лесните водени реактори кои користат збогатен ураниум. Реакторите за тешка вода се побезбедни и поефикасни отколку оние со нормална вода. Тие можат да се полнат и без запирање, што им овозможува и да работат подолго без прекин.
Индија увезува технологија PHWR (реактор со тешка вода под притисок) од Канада, но по нуклеарната експлозија во Похаран во 1974 година, Канада ја напушта комплетно соработката. Индиските научници апсорбираат производството на овие реактори кои се нудат во три варијанти 220 MW, 540 MW И 700 MW.