416
Најмалку 50 луѓе загинаа, а 300 се хоспитализирани во Индија кога воз се судри со товарен воз во индиската држава Одиша, соопштија индиските медиуми и локалните власти.
„Коромандел експрес“, кој сообраќал од Калкута до Ченај, излетал од шините по судирот и тргнал во спротивна насока, објави „Ројтерс“.
„Речиси 50 возила на брза помош излегоа на местото на несреќата, но се чинеше дека има многу повеќе повредени. Беа мобилизирани голем број автобуси за да ги пренесат повредените во болница“, објави на Твитер шефот на Секретаријатот на Одиша, Прадип Јена.