„Индипендент“: Трамп сака да ја засени инаугурацијата на Бајден

од Nikola Popovski
327 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп, наводно, се подготвува да ја засени инаугурацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден на 20 јануари со одржување митинг на опозицијата на тој ден за да се потврди неговата кандидатура на изборите во 2024 година, објави британски „Индипендент“.

Лондонскиот весник пишува дека Трамп планира да ја напушти функцијата во „драматичен стил“, користејќи ги сите свои овластувања како претседател, според информациите на весникот „Аксиос“, кој се повикува на извори блиски до Трамп.

Покрај митингот, Трамп планира да ја напушти Белата куќа со лет на претседателскиот авион „Air Force one“ и ќе се упати на Флорида , каде ќе им се обрати на приврзаниците во хангарот.

„Индипендент“ потсетува дека „Ен-Би-Си Њуз“ претходно објави дека извори блиски до Трамп велат дека тој нема да биде на инаугурацијата на Бајден и дека можеби нема да биде поканет да дојде во Белата куќа со сопругата, што е обичај во САД.

Слични содржини