326
Лице вратено во земјава од Ирак е заразено со индискиот сој на ковод-19.
Веќе 10 дена бил болен, а по пристигнувањето во земјата со санитетско возило веднаш бил транспортиран на болничко лекување, информираат од Министерството за здравство.
Надлежните велат дека според искуствата од регионот индискиот сој не би требало да ја влоши епидемиолошката состојба во земјава, но здравствените власти будно ќе ја следат состојбата.
Индискиот вид на коронавирус дава слични симптоми на другите видови на вирусот: треска, губење на чувство за мирис и вкус, кашлица, релјефен јазик (познат и како јазик на ковид), белузлави промени на ноктевата плоча (исто така познат како ковид- нокти), замор, главоболка.