217
Фудбалерите на Реал Мадрид минатата сезона ја освоија Лигата на шампионите, а по ждрепката за групната фаза од најелитното европско натпреварување за следната сезона, поединечни награди беа доделени на најдобрите поединци во фудбалската година зад нас.
Немаше голема дилема кој ќе ги добие наградите, па во конкуренција на Пеп Гвардиола, Јирген Клоп и Карло Анчелоти наградата отиде кај Италијанецот.
Карим Бензема беше најдобар во конкуренција на двајца Белгијци, неговиот соиграч Тибо Куртоа и фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин де Брујн.
Алексија Путељас, членка на Барселона, е прогласена за најдобра фудбалерка за претходната сезона.