Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино се јави преку видео-конференција пред делегатите на Собранието кои денеска бираат нов претседатeл.
Првиот човек жали што не може да биде во Скопје затоа што има обрски во Мароко каде има Собрание, Афричката конфедерација:
„Почитувани пријатели, драг Муамед… Чест ми е што можам да кажам неколку зборови пред почетокот на вашето Собрание. Јас сум во Мароко но моето срце е со вас – таму. Муамед е единствен кандидат за претседател и му честитам во изборот. Тоа е поради големата работа која што ја направивте и пласманот на ЕП. Целиот фудбалски свет ова лето ќе ја гледа вашата репрезентација на дуелите со најдобрите селекции од Европа. ОВА Е ВАШЕ ВРЕМЕ. Во ФИФА секогаш ќе имате вистински пријател кој ќе дава помош за вашите проекти и планови“, напомена Инфантино од Мароко.