Инфантино му даде црвен картон на синиот картон

од Nikola Popovski
194 прегледи

Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино зборуваше за тоа како на фудбалот не му треба новото правило – синиот картон.

Меѓународниот одбор на фудбалска асоцијација (ИФАБ) размислува за проширување на тестирањата за воведување сини картони во пониските лиги. Синиот картон треба да му послужи на судијата за да им покаже на играчите кои прават потешки фаули, не ја почитуваат играта или противникот – да го напуштат теренот на десет минути.

– Да бидам јасен – давам црвен картон на идејата за сини картони. Нема да има употреба на сини картони на елитно ниво. За нас тоа е непостоечка тема и ФИФА е целосно против сини картони, изјавил Инфантино.

Голем број луѓе се против идејата за сини картони, но ФИФА е подготвена да ги слушне сите предлози, иако со сите сили се бори да ја зачува фудбалската традиција.

За усвојување на овој предлог потребни се шест гласа, а право на глас имаат ФИФА (четири гласа), Федерацијата на Англија, Северна Ирска, Шкотска и Велс.

Слични содржини