Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, демантираше дека повеќе од 6.500 работници имигранти настрадале за време на изградбата на стадионот во Катар за Светското првенство.
„Реално, три лица загинаа, но и тие тројца се премногу“, рече Инфантино за време на говорот во Советот на Европа во Стразбур.
Истрагата на Меѓународната организација на трудот откри дека во 2020 година, повеќе од 50 градежни работници загинале или настрадале во Катар.
Исто така, повеќе од 500 луѓе се повредени, а се случиле повеќе од 35.000 помали несреќи.
На почетокот на 2021 година, британски „Гардијан“ објави бројка од 6.500 жртви.
Ова ги вклучува не само жртвите кои загинаа за време на изградбата на стадионите, туку и патиштата, хотелите и друга инфраструктура.
-Големите горештини и лошите услови за живот исто така однесоа многу животи, пренесува „Гардијан“.
Претседателот на ФИФА го тврди спротивното и вели дека условите за работа на работниците во Катар се на ниво на оние во Европа.
Фото: ULMER Pressebildagentur/imago images