Инфантино објасни зошто Светско на секои две години ќе функционира

од Vladimir Zorba
257 прегледи

И покрај бројните критики кои доаѓаат од сите страни, Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) не се откажува од идејата да воведува Светско првенство на секои две години.

„Светското првенство на секои две години не е мое барање, туку Конгресот побара физибилити студија. Направивме многу сериозна студија, од спортски аспект сè функционира, а економските перформанси се позитивни за сите“, изјави претседателот на ФИФА, Џани Инфантино за Radio Anch’io Sport.

„Во Европа има силно противење, во Италија, Шпанија и Англија секоја недела има Светско првенство со најдобрите играчи во светот, но во остатокот од светот тоа го нема“, додаде првиот човек на светскиот фудбал.

Инфантино истакна дека 166 земји-членки побарале физибилити студија.

„Претпоставките мора да бидат јасни, 88% од земјите, дури и повеќето европски побараа студија. Направивме многу сериозна студија која покажува дека од спортски аспект сè би функционирало, би имало помалку репрезентативни натпревари, но позначајни, рече Инфантино и додаде: „Многу земји во светот немаат среќа да играат на Светското првенство, само 32 од 211 земји. Кога беше одлучено Светското првенство да се игра на секои четири години пред 100 години, 40 земји играа фудбал, денес ги има повеќе од 200 и тоа мора да се земе во предвид“.

Инфантино објасни дека Светското првенство ќе има позитивен економски ефект на секои две години, но ќе ги заштити и националните првенства и самите играчи.

„Економските перформанси се очигледно позитивни за сите. „Сите би имале корист од тоа. Но, пред сè, тоа е заштита на националните првенства со помалку прекини и застанувања, а исто така и за играчите затоа што на Светското првенство ќе следи пауза од најмалку три недели за одмор, нешто што денес не постои. ”

Тој се осврна и на турнирот што кон крајот на оваа година ќе се одржи во Катар, но и за бројните контроверзии поврзани со безбедноста на работниците во таа земја.

„Огромен напредок е постигнат во Катар. Немаше да има социјален напредок во Катар без Светското првенство. Огромен хуманитарен напредок е постигнат. Дозволете ни да го доведеме светот во Катар за да покажеме дека правиме промени на Блискиот Исток за кои беа потребни години во Европа“.

Инфантино истакна дека „треба да можеме да го насочиме фудбалот кон младите“.

„Мора да се обидеме да бидеме иновативни со правилата без да го уништуваме фудбалот, користејќи ВАР со здрав разум. Судијата секогаш мора да одлучува, мора да преовладува човечкиот аспект. Мора да ги охрабриме децата да се оддалечат од мобилните телефони и да играат фудбал“, рече Инфантино.

Слични содржини