Треба да најдеме начини да го вклучиме целиот свет и да им дадеме надеж на Африканците за да не бидат азиланти во Европа и да мора да го преминат Медитеранот со надеж дека ќе најдат подобар живот, бидејќи има поголема веројатност да се удават во морињата, со овие зборови претседателот на ФИФА, Џани Инфантино се обиде да ја оправда потребата од одржување на Светското првенство на секои две години во говорот пред Европскиот парламент.
Инфантино е обвинет дека само за две години има цел да го зголеми профитот на ФИФА со неговиот проект за Светското првенство, а во последните месеци користел различни тактики за да го мотивира својот план, но денес прибегна кон изненадувачки пристап, тврдејќи дека проектот може да ги спречи африканските мигранти од давење во морето.
„Не се работи за тоа дали сакаме двегодишно Светско првенство, туку што сакаме да правиме со иднината на фудбалот. Ако размислуваме за остатокот од светот и за поголемиот дел од Европа, тогаш треба да размислиме што ни носи фудбалот. Фудбалот е можност, надеж , фудбалот е репрезентација. Не можеме да му кажеме на остатокот од светот „дајте ни ги вашите пари, но гледајте не на телевизија. Мораме да ги вклучиме“, рече Инфантино.
„Треба да им дадеме можности, да им дадеме достоинство. Не преку милостина, туку со дозволување на остатокот од светот да учествува. Можеби Светско првенство на секои две години не е решение. Треба да разговараме за тоа“, додаде тој.
Зборовите на Инфантино брзо предизвикаа критики од различни организации.
„Колку ниско може да падне Инфантино? Тој ја користи смртта во Медитеранот како алатка за да ја продаде својата мегаломанска идеја“, рече Ронан Евин, извршен директор на Football Supporters Europe.
Шефот на Kick It Out, Тони Барнет, потенцира: „Апсолутно е неприфатливо да се каже дека почестото одржување на Светското првенство може да ги реши проблемите на мигрантите кои понекогаш бегаат од војната. ФИФА веќе заработува милијарди и има средства да создаде повеќе подобри можности за оние кои се во недостаток“.