Инфектологот Марковски продолжува на музички план, објави нова песна (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
268 прегледи

„Песна за Стојан Војвода“ гласи насловот на последната преработка на песна од инфектологот д-р Вело Марковски. Тој објави дека песната тонски е снимана пред 122 години на чист македонски јазик.

Докторот се јавува и како режисер на спотот за песната.

 

Марковски веќе претходно има објавено неколку преработки на стари македонски песни.

Инфектологот, покрај неговите ставови за коронавирусот во екот на пандемијата во земјава, е познат и по судскиот случај за илегални археолошки истражувања за стекнување на личен профит, каде што е еден од обвинетите.

„Лицата се обвинети дека во текот на 2017 и 2018 година поединечно или заедно, без дозвола од надлежни органи, вршеле недозволени археолошки истражувања и ископувања на археолошки локалитети и локалитети со природни реткости на територијата на РС Македонија, пронајдените добра неовластено ги присвојувале и прикривале, а потоа добрата неовластено ги продавале на купувачи во земјава и во странство“, објави пред две години ОЈО за организиран криминал.

Слични содржини