Инфекцијата на дишните патишта кај децата од Гевгелија е резултат на заспаниот имунолошки систем, вели д-р Софијанова

од Nikola Popovski
330 прегледи

По бараната лекарска помош за дечињата со респираторни инфекции во Гевгелија, тим од Универзитетската детска клиника од Скопје, предводен од д-р Аспазија Софијанова, денеска пристигна во Општата болница да извршат дополнителни испитувања во делот на специфичната дијагностика и поддршка на локалните педијатри.

Според неа, инфекцијата на дишните патишта кај децата Гевгелија е резултат на заспаниот имунолошки систем, кој со раздвижувањето сега ja покажува истата патологија што се гледаше во февруари и март оваа година.

„Нема потреба од паника. На нашата Клиника ќе бидат доелаборирани антителата за евентуална постковид реакција, она што ние го велиме серологија, д-димери и дополнителна палета на респираторен панел, за да направиме јасна дистинкција за што станува збор“, додаде Софијанова.

Слични содржини