Годишната инфлација, мерена преку индексот на трошоците на живот во ноември 2025 година во однос на ноември 2024 година бележи зголемување од 4 проценти, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на живот во ноември 2025 година во однос на октомври 2025 е зголемена за 0,5 проценти.
За споредба, минатиот месец Статистиката измери годишна инфлација (окомври годинава во споредба со октомври лани) од 4,5 проценти, а месечната (октомври во однос на септември) бележеше намалување од 0,2 проценти.
Инаку, како што се посочува во соопштението на ДЗР, зголемувањето во номеври е резултат на порастот на трошоците на животот во групите Транспорт за 1.7 %, Рекреација и култура за 0.9 %, Храна и безалкохолни пијалаци за 0.7 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.5 %, Ресторани и хотели, Здравје за 0.3 %, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.2 %, Комуникации, Облека и обувки и Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.1 %.
Трошоците на животот во групите Разновидни стоки и услуги и Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
Според Државниот завод за статистика, цените на мало во ноември 2025 година во однос на октомври 2025 година се зголемени за 0,6 отсто.