Инфлацијата во јули порасна за 4,8% во споредба со лани

од Nikola Popovski
35 прегледи

Инфлацијата во јули 2025 година во однос на претходниот месец е 1.1 %, објави Државниот завод за статистика. Индексот на трошоците на животот во јули 2025 година, во однос на јули 2024 година, бележи зголемување од 4.8 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 5.3 %.

Повисоката инфлација во јули 2025 година, во однос на јуни 2025 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 9.9 %, Рекреација и култура за 2.1 %, Ресторани и хотели за 1.2 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.7 %, Здравје, Храна и безалкохолни пијалаци за 0.3 % и Облека и обувки, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.1 %.

-Во јули пониски цени за 0.1 отсто се измерени само кај алкохолот, тутунот, наркотиците и кај ставката разновидни стоки и услуги и алкохолни пијалаци, тутун и наркотици, пренесе „Бизнис инфо“.