Инфлацијата во Велика Британија надмина 10 отсто

од Vladimir Zorba
166 прегледи

Растот на потрошувачките цени во Велика Британија силно забрза во јули, достигнувајќи го највисокото ниво од февруари 1982 година и дополнително го зголемува притисокот врз домаќинствата, покажаа официјалните податоци во средата.

Во јули стапката на инфлација се искачи на 10,1 отсто, од 9,4 отсто претходниот месец.

На месечно ниво, растот на цените благо забави, од 0,7 на 0,6 отсто, покажуваат сезонски прилагодените податоци.

Годишната стапка на инфлација на мало достигна 12,3 отсто, што е највисоко ниво од март 1981 година.

Порастот на цените на енергијата во Европа, дополнително поттикнат од руската инвазија на Украина, е главниот двигател на инфлацијата и веројатно ќе ја турне Британија во долгорочна, иако плитка, рецесија на крајот на годината, соопшти централната банка (BoE).

Домаќинствата моментално трошат нешто помалку од 2.000 фунти (2.421 долари) годишно на електрична енергија, што е речиси двојно повеќе од износот пред една година, но би можеле да надминат 4.000 фунти во јануари следната година, според аналитичарите на Cornwall Insight.

BoE прогнозира дека инфлацијата ќе достигне врв од 13,3 проценти во октомври, кога регулираните цени на енергијата за домаќинствата ќе пораснат.

Слични содржини