Инфлуенсерката Ешли Ст. Клер на социјалните мрежи објави дека пред неколку месеци добила дете со Илон Маск и на тој начин го привлече вниманието на јавноста.
„Се породив пред пет месеци. Таткото е Илон Маск. Не го објавив ова порано за да ја заштитам нашата приватност, како и приватноста на нашето дете. Сепак, во последните неколку дена стана јасно дека таблоидите планираат да го сторат тоа, без оглед на штетата што ќе ја предизвикаат“, рекла таа.
Таа додаде дека планира да го воспитува своето дете во нормална и безбедна средина.
„Поради оваа причина, барам од медиумите да ја почитуваат приватноста на нашето дете и да се воздржат од прекумерно објавување“, напиша таа. Ја објавила и латинската изрека „Alea Iacta Est“, што значи „Коцката е фрлена“.
Маск се уште не го коментирал тврдењето дека има 13-то дете. Тој имаше шест деца со неговата прва сопруга Џастин Вилсон – Невада, која почина кратко по раѓањето, близнаците Грифин и Вивијан и синовите Каи, Саксон и Демијан.
Со пејачката Грајмс, тој ги има синовите X-a Æ A-Xii, попознати како X и Techno Mechanicus, и ќерката Exa Dark Sideræl, наречена Y. Со Шивон Зилис, тој ги има близнаците Strider и Azure, и уште едно дете, чие име не е објавено.