Според податоците објавени од „Еуроњуз“ , Велика Британија, води во имунизација на својот народ, додека пак Германија и Франција, минатата недела имаат поставено нови дневни рекорди за бројот на вакцинирани лица.
Според податоците од 30 април и Србија и Унгарија се на високите места на оваа листа. Двете земји купија вакцини од Русија и Кина, со што се прошири списокот на достапни вакцини.
Другите земји целосно вакцинирале околу 11 проценти од населението или помалку: Турција – 11,9, Данска – 11,7, Швајцарија – 11,1, додека Франција, Германија, Белгија, Шведска и други земји вакцинирале помалку од 10 проценти од населението.
Според објавената листа Македонија е меѓу последните места, односно полоши од нас се само Косово и Босна и Херцеговина.
Според податоците во Македонија досега се вакцинирани 61.603 лица или на 100.000 жители бројката изнесува 2.957 лица.