Инграм нема да игра до крајот на сезоната

од Vlatko K
206 прегледи

Раководството на Лос Анџелес Лејкерс очекува Брендан Инграм да не игра повеќе до крајот на
сезоната.

Инграм, кој беше избран за број 2 на Драфтот во 2016 година, ги пропушти последните две
натпревари за „езерџиите“ поради повреда на рамото, но деталните истражувања покажаа дека
има длабоки венски тромбози во десната рака.

За 52 натпревари оваа сезона, Инграм забележа 18,3 поени, 5,1 скока и 3 асистенции во просек на
натпревар.