Иницијативата „Стоп за Усје“ најави нова граѓанска блокада поради загадувањето

Граѓанската иницијатива Стоп за Усје повторно најави излегување на улица, предупредувајќи дека загадениот воздух претставува сè поголема закана за здравјето и животот на граѓаните.

од desk4
12 прегледи

По првата граѓанска блокада одржана на 26 декември 2025 година, од иницијативата велат дека нивните барања биле доставени до сите надлежни институции, но досега не добиле одговор, ниту биле повикани на разговор, пренесе 24инфо.мк.

„Или ќе излеземе сите – или ќе нè снема еден по еден! Излези, затоа што воздухот нема да се исчисти сам“, порачуваат од иницијативата, упатувајќи јавен повик за нова мирна граѓанска блокада насочена против загадувањето од индустрискиот капацитет Усје.

Од „Стоп за Усје“ посочуваат дека компанијата и понатаму одбива да постави мерни станици со јавно достапни податоци, што, според нив, ја поткопува довербата во официјалните тврдења дека фабриката не загадува. Тие нагласуваат дека протестот произлегува од итното барање „Здравјето пред профитот“, особено имајќи ги предвид ризиците за децата и за населението што живее во околината.

Новата блокада е најавена за 21 јануари 2026 година (среда) во 18:00 часот, на раскрсницата меѓу булеварите „Борис Трајковски“ и „Србија“, на правецот кон Усје.