Иницијатива на Motorola сака да не ослободи од зависноста од телефони

од Vladimir Zorba
311 прегледи

Во декември минатата година во Бразил, Индија, САД и Франција се спроведе истражување по нарачка на Motorola што се обиде да утврди како ги користиме смартфоните и како наоѓаме баланс помеѓу нивната употреба и животот. Анализата на одговорите на 4.418 корисници на паметни телефони на возраст меѓу 16 и 65 години е доверена на когнитивниот специјалист д-р Ненси Еткоф од Универзитетот Харвард, а резултатите покажуваат дека многу од корисниците ги поставуваат телефоните пред оние кои ги сакаат најмногу. Нешто повеќе, еден од тројца испитаници посочуваат дека приоритет им се смартфоните пред луѓето кои ги сакаат и со кои сакаат да поминуваат повеќе време.

Обработените резултати покажуваат дека 80% од активните луѓе на возраст меѓу 21 и 37 години сакаат да дискутираат незгодни теми писмено, отколку да разговараат со соговорникот лице в лице. 76% од анкетираните испитаници од помладите (16-20 години) признаваат дека ги фаќа паника, ако помислат дека го изгубиле телефонот. Во меѓувреме, повеќе од половина од испитаниците во оваа возрасна група (56%) изјавиле дека нивниот партнер е љубоморен на нивниот смартфон. Речиси секој втор родител признава дека му го дава својот мобилен телефон на своето дете за да си игра со него. 53% од младата генерација го дефинираат својот мобилен телефон како нивен најдобар пријател, а 19% го посочуваат за своја сродна душа.

57% од испитаниците на возраст меѓу 38 и 53 години изјавуваат дека ги држат своите телефони на ноќното шкафче, а 28% проверуваат известувањата кога ќе се разбудат во текот на ноќта. 46% од корисниците на возраст меѓу 21 и 37 години признаваат дека пишуваат на своите телефони додека возат, а кај оние на возраст меѓу 38 и 53 години процентот е 32%. 33% од сите испитаници признаваат дека проверуваат повеќе од 20 пати на ден за нивните нови известувања. Повеќе од 6 часа вкупно дневно поминуваат корисниците со својот смартфон, но само 7% од сите испитаници користат мобилен уред, за да читаат книги.

Motorola посочува дека се обидува да преиспита сè што прави – софтвер, хардвер и производство и ветува дека ќе создава производи кои ја враќаат радоста на врската – во мрежата или во реалниот живот. Секој може да провери каков е неговиот баланс помеѓу животот и телефонот откако ќе пополни прашалник на сајтот на Motorola. Тој обезбедува корисни совети и препораки за постигнување на хармонија помеѓу реалниот свет и мобилната технологија.

Ако сакате да го подобрите балансот на врската со телефонот можете да ја користите апликацијата Space, која е поддржана со истражувања од водечки универзитети. Таа претставува персонализирана програма за промена на дигиталното однесување, за да обезбедите повеќе простор во животот и да се ослободите од зависноста кон телефонот.

https://www.youtube.com/watch?v=kBPRgJp4X-4

Слични содржини