Иницијатива за прогласување на Охридско Езеро за заштитено подрачје во категорија III – споменик на природата

од Берта Китинска
175 прегледи

Владата на денешната седница одлучи да покрене иницијатива која доаѓа согласно препораките на УНЕСКО за заштита на Охридското Езеро за да се овозможи: заштита, зачувување и одржливо користење на природните вредности, назначување на субјект за управување кој ќе се грижи за заштитеното подрачје и донесување на План за управување согласно одредбите од Законот за заштита на природата.

-Со прогласувањето ќе се постигне прогрес во однос на имплементација на националната легислатива за заштита на природата, Националната стратегија за заштита на природата со Акционен План (2017-2027), Националната стратегија за биолошка разновидност со Акциски План за период (2018-2023), како и прогрес во имплементација на обврските од ЕУ директивите за живеалишта и птици, обврските од меѓународни конвенции, кои се ратификувани од нашата држава, како што се Конвенцијата за биолошка разновидност, Бернската Конвенција, CITES, Бонската Конвенција, Рамсарската Конвенција и други, информираат од Влада.