Иницијативата на Омбудсманот ќе биде разгледана од работната група, вели Тупанчески

од Берта Китинска
130 прегледи

Оваа материја е дел од Законот за облигациони односи, а во моментот формирана е работна група, која работи на Граѓанскиот кодекс, во кој што влегува и Законот за облигациони односи, истакна министерот за правда Никола Тупанчески коментирајќи ја Иницијативата на Народниот правобранител Насер Зибери за измени на Законот за облигациони односи и Законот за извршување, кои се однесуваат на прашањето на казнената камата.

– Во таа насока сите сугестии дури и од страна на Народниот правобранител треба да бидат доставени до работната група која што веќе постои и работи на измени и дополнувања на Законот за облигациони односи и да биде постапено во зависност на целисходноста на предлозите, рече Тупанчески на настанот „Преглед на реформите поврзани со правдата на децата”.

Тој потенцира дека како министер нема ниту овластување, ниту надлежност да ја прифати Иницијативата, посочувајќи дека има работна група и откако ќе биде доставена, работната група ќе се произнесе по тоа.

Слични содржини