Иницијативата „Отворен Балкан“ со можност да се претстави на светската изложба во Дубаи преку Српската стопанска комора

од Берта Китинска
484 прегледи

Стопанската комора на Македонија ја прифаќа идејата на Српската стопанска комора, компании од Албанија и Северна Македонија како дел од Иницијативата Отворен Балкан, да го искористат просторот на српскиот бизнис хаб и да се претстават на најголемата светска изложба Експо 2020 во Дубаи.Од стопанската комора на Македонија, за локално.мк велат дека сепак ќе остава простор во следниов период стопанствениците да пројават интерес за ваквата можност.

Претседателот на Српската комора Марко Чадеж им порача на бизнисмените да се обратат кај нив и да ја искористат можноста да се претстават на светот.

„Во текот на следните 6 месеци ќе можете да го користите бизнис хабот на Стопанската комора како свој! Ќе имате прилика да запознаете инзвонредни луѓе, фантастични компании и да договорите нови зделки.Само заедно во рамки на иницијативата Отворен Балкан можеме да го направавиме посилен регионот’’, вели Чадеж.

Експо 2020 Дубаи е најголема светската изложба и ќе трае до крајот на март . Станува збор за револуционерен спектакл кој на едно место собира учесници од 192 земји, вклучувајќи иноватори, компании, невладини организации, претприемачи, универзитети и креативци. Ова ќе биде прва Светска изложба некогаш организирана во арапскиот свет, на Блискиот Исток, Африка и Јужна Азија , а домаќините очекуваат Дубаи Експо да привлече повеќе од 25 милиони посетители во текот на шест месеци, што е најмногу што досега имала една манифестација во историјата.

К.В.С.

Слични содржини