Од граѓанската иницијатива „Учебници мора да има“ најавија организирање на мирен Марш во Скопје против дигитализацијата на учебниците, и против новиот Закон.
Оттаму велат дека не добиле одговори од Министерството за образование на нивните барања и затоа најавија дека ќе организираат протести низ градовите од внатрешноста и во Скопје.
-Следен чекор кој ќе го преземеме е организирање на протестни маршови во сите градови ширум земјава. Па така, во сабота во 12 часот започнуваат протестите како во главниот град, така и во сите други, изјави Драгана Спасевска која е координатор на иницијативата, додавјаќи дека ќе се покрене иницијатива за задолжителен референдум на кој граѓаните ќе можат да се изјаснат за предложените измени во законот за учебници.