– Членството најдобро знае дека единствен виновник што Зоран Заев по втор пат стана премиер е Христијан Мицкоски. Човек што нема храброст да заземе став по ниедно прашање, човек што се крие на денот на избори и не им се заблагодарува на оние кои трчале за него, нема капацитет да го води ВМРО ДПМНЕ, се вели во реакцијата од Иницијатвиниот одбор за свикување на вонреден конгрес.
184
Иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, реагира на денешната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој беше дециден дека нема да си поднесе оставка.
Изразуваат и жалење што, како што стои во реакцијата,Мицкоски не собрал храброст и да ја понуди својата оставка пред членството на партијата.