Иницијаторите за бојкот на средба во МОН: Родителите уверуваат дека не се против осовременување на образованието

од Берта Китинска
425 прегледи

Дигитализацијата на учебниците, ставовите за и против новото законско решени днеска на маса пред родителите кои се против дигитализацијата и претставници од МОН.

Поради работни обврски министерката Царовска нема да присуствува на средбата. Доколку најдат заедничко решение родителите велат дека ќе прекине бојкотот во дел од училиштата.

„Се повеќе имаме поддршка за бојкотот, но утре е клучното што ние како родители го бараме и ќе видиме дали од нивна страна ќе имаме црвено или зелено светло. Потврдено е дека Царовска нема да биде на средбата, ние баравме, но не известија дека имала работни активности“, вели Драгана Спасевска од фејсбук групата „Учебници и настава мора да има“.

Родителите уверуваат дека не се против осовременување на образованието со дигитални алатки, но тие да бидат дополнителни помагала, а печатените учебници да останат во употреба.Бараат јавна расправа за предложениот закон за учебници и да учествуваат нивни стручни претставници.

Министерката за образование и наука Мила Царовска во емисијата „10МИНУТИ“ на ТВ21 истакна дека целата дебата околу дигиталните учебници се пробува да се измести од нејзиниот колосек.

„Дигиталниот учебник не нужно значи пристап до интернет. Тој е поставен на одреден електронски уред и ученикот во својот дом ќе може да го користи“, порачува Царовска.

Таа напомена дека нашиот концепт на учење е поразличен и несовремен

„Нашето образование е насочено кон репродукција на прочитан материјал, а во светот според анализа што значи дека ученикот преку разгледување или дијалог. Кај нас ученикот треба да препише и допише, додека пак во светот ученикот треба да истражува. Така научено знаење останува засекогаш, се друго е научено до тест. Затоа сме на најниско место во светот, затоа што нашиот концепт на учење е поразличен и несовремен“, вели Царовска.

 

Слични содржини