Ињац: Изборите се единствената можна опција за мирно заминување на Вучиќ од власт

од Nikola Popovski
52 прегледи

„Проблемот е во идеите. Сите идеи се потрошени, сега останува само радикализација на протестите и директна конфронтација, односно конфликти, што најверојатно му одговара на режимот“ – вака српскиот аналитичар Жељко Ињац оценува што очекува следно од студентите во блокада по големиот протест на празникот Видовден и бројните апсења на апсења на демостранти.

Тој во разговор за „Локално“ вели дека притисокот што српскиот претседател Александар Вучиќ моментално го доживува од студентските блокади и протести е нешто на што е навикнат уште од почетокот на неговото владеење.

-Сепак, секоја политичка фигура и секоја влада има свој мандат, па прашањето е како би се снашол Вучиќ, или поточно владејачката коалиција на изборите. Тие се единствената можна опција за мирно заминување на Вучиќ од власт, анализира меѓу другото Ињац.

Српски аналитичари за „Локално“: Moжна е мирна промена на власта според искуствата во Македонија и Црна Гора, но потребен е политички притисок од ЕУ и Западот