Инспектор под истрага поради стампедото во Сеул пронајден мртов

од Stefanija Kuzmanovska
168 прегледи

Висок јужнокорејски полициски инспектор, кој беше под истрага за стампедото во Сеул на Ноќта на вештерките, е пронајден мртов во својот дом.

Како што јави Си-Ен-Ен, јужнокорејската полиција соопшти дека безживотното тело на инспекторот го пронашло неговото семејство денеска во 12:45 часот по локално време. Полицијата соопшти дека ги истражува околностите на смртта.

Веста за неговата смрт доаѓа откако истражителите упаднаа во канцелариите на полициската станица во округот Јонгсан. Станува збор за полициската станица која е задолжена за следење на ноќниот живот во Итаевон, каде што се случи трагедијата на Ноќта на вештерките.

Стампедото се случило во област со многу тесни улички, а очевидци велат дека гужвата на улиците кои се широки не повеќе од четири метри била толку голема што го отежнувале движењето и дишењето. Во јавноста излезе информација дека граѓаните пријавиле во полиција се поголемо насобирање на народ, неколку часа пред да се забележат првите смртни случаи.

Во стампедото во Сеул загинаа 154 луѓе во преполната област со ноќен живот во областа Итаевон. Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол прогласи национална жалост и изрази сочувство за жртвите и им посака брзо закрепнување на повредените.

Слични содржини