Инспектор заработи кривична поради несовесно работење во службата

од Nikola Popovski
367 прегледи

Одделот за внатрешна контрола при Министерството за внатрешни работи, поднесе кривична пријава против лицето А.Р., самостоен инспектор при регионалниот центар за гранични работи Југ, поради сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“

„Пријавениот, од 23.02 до 07.08.2020, како самостоен советник за финансиски работи во истата организациска единица, фактурите кои ги примил од една фирма не ги приложувал веднаш на евиденција и уредна заверка со приемен штембил, туку ги задржувал кај себе и ги доставувал по истекот на предвидениот рок за плаќање.

Поради несовесното и ненавременото извршување на работните обврски на пријавениот, фирмата изготвила каматна листа за задоцнето плаќање, со што бил оштетен Буџетот на Министерството за внатрешни работи“, соопштија од полицијата.

Слични содржини