Од страна на овластен инспектор за животна средина, на ден 21.03.2022 година извршен е вонреден инспекциски надзор кај правниот субјект ДПТУ БНМ БУРЕ ДООЕЛ (кафана Буре -Срна) и констатирано е дека правниот субјект согласно Законот за животна средина и Уредбата за дејности и активности за кои задолжително се изработува Елаборат за заштита на животната средина -Прилог 2,го нема изработено потребниот Елаборат со кој правниот субјект е должен да се придржува до законските норми вклучително и за правилно депонирање на секаков вид на отпад, велат од Одделението за инспекциски надзор над животната средина на Градот Скопје.
По службена должност известен е овластен инспектор за животна средина од Општина Карпош (чија надлежност се правни субјекти од таков вид,согласно горенаведената Уредба) да изврши надзор кај правниот субјект ДПТУ БНМ БУРЕ ДООЕЛ (кафана Буре -Срна) и истиот да го задолжи да го изработи потребниот Елаборат.
При надзорот на овластениот инспектор за животна средина на Град Скопје беше затекнат градежен шут, стекнат со реновирање на самиот објект, кој беше неправилно депониран (покрај самиот објект,спротивно на Законот за управување со отпад). На правниот субјект му се врачи Решение за да го отстрани правилно градежниот шут на овластена депонија ДРИСЛА.