Инспектори и комунални редари ќе ги казнуваат несовесните посетители во Скопје ЗОО

од Берта Китинска

Во сабота и недела, службите на Инспекторатот на град Скопје ќе бидат на терен во Скопје Зоо. Секој несовесен посетител кој ги храни и вознемирува животните и фрла отпад во нивните живеалишта и на патеките ќе биде санкциониран, соопштија од Скопската Зоолошка градина.

– Затоа пред викендот кој следува, да го повториме кодексот на однесување во Зоолошка градина Скопје:

Строго забрането е хранење и допирање на животните. Тие имаат своја табличка на исхрана.

Строго забрането е вознемирување на животните, фрлање отпадоци во нивните живеалишта, тропање по оградите и стаклата

Не се прекачувајте преку огради и не влегувајте во зони каде што е забрането

Вашите отпадоци фрлајте ви го корпите за отпадоци.Децата треба да бидат под надзор на родител/старател.Благодарност до сите совесни посетители кои редовно се придржуваат до овој кодекс и имаат многу љубов за животните , соопштија од Скопје Зоо.

Слични содржини