Инспектори на Управата за јавни приходи (УЈП) во моментов се наоѓаат во „Еко клуб“, каде ја разгледуваат документацијата и работењето на компанија, дознава Стандард од свои извори.
Битолската фирма „Еко клуб“, која има подружница и во Скопје, во текот на минатата година до „Дрисла“ транспортирала 4 700 килограми медицински отпад, а само во јануари, како што на прес конференција неодамна изјави градоначалникот Петре Шилегов, откако Градот Скопје располага со материјали за неправилности во работењето, транспортирала 1.900 килограми.
Ако се погледне историјатот на фирмата, може да се забележи дека таа учествувала на тендери и има склучено 55 договори во последните 12 месеци. Повеќето се со здравствени установи ширум земјата и се однесуваат на собирање, транспорт и уништување на медицинскиот отпад.