Државниот пазарен инспекторат ќе проверува по пазарите дали ќе се спроведува владината одлука за замрзнување на цените на овошјето и зеленчукот.
-ДПИ ќе настапи координирано со УЈП и МВР за вршење на надзори на пазарите. Со сите други институции кои се надлежни. Доколку немаат регистрирано дејност, си има санкции по закон, кажа директорот на ДПИ, Горан Трајковски.
Министерот за економија, Крешник Бектеши потенцира дека инспекторатите во земјава се независни и тие директно даваат извештаи на Владата.
-Ние сме ги задолжиле сите инспекциски служби да направат засилени контроли. Координирано ќе биде постапено. Убеден сум дека нашите трговци ќе ги почитуваат мерките. Имаме искуство од последните недели дека над 90% се почитуваат одлуките. Мерката важи 25 дена, рече Бектеши на прес-конференција во Владата.