Инспекторите на терен проверуваат дали цените на основните производи се замрзнати

од Берта Китинска

Одлуката за определување на највисоки цени на одделни производи излезе на 6-ти декември, а од 7-ми декмври државните пазарни инспектори излегоа на терен да ја проверат почитувањето на одлуката. Ние со тој капацитет со кој што располагаме направивме план и организација како да се постапува се со цел да се опфатат сите трговци, вели за Утрински брифинг  Директорката на Државниот пазарен инспекторат, Анета Симеска Димоска.

-Секако сите трговци не можат да бидат опфатени во еден ден, но така како што секој ден инспекторите ќе бидат на терен ќе бидат опфатени се поголем број на трговци. Започнати се проверките, инспекторите работеа и во текот на вчерашниот ден, иако беше празник, така што сметам со оној капацитет со кој што располагамеќе бидат опфатени сите трговци, вели таа.

Симеска Димоска  вели дека сите  субјект ќе биде опфатен.

-Во оваа насока сакам да нагласам дека и граѓаните ќе ни бидат од голема корист доколку во одредени ситуации се посомневаат или сметаат дека одредени цени не се на нивото на кое што биле на 1-ви декември.Трговците треба да ја стават на увид евиденцијата во трговијата кој што се задолжени согласно Законот за трговија да ја водат, каде што се евидентирани влезните фактури, односно цени на произвводите и продажните цени на производите и на тој начин ќе се утврди која цена била на 1-ви декември, вели Симеска Димоска.

Цените на лебот, шеќерот, брашното тип 400, сончогледово масло за јадење, трајно млеко, свежо месо и сувомеснати производи, сирењето и урдата нема да се менуваат до крајот на јануари.

Слични содржини